„ТРЕТА ТЕНДЕР СРЕЌА“: Ќе си почекаме за евтини летови
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018
По два неуспешни, Владата реши по трет пат да пушти повик за субвенционирани авиопревозници.
Условите, како што кажаа овој пат ќе биле олеснети а најверојатно тендерот ќе се објави наредната недела.
Причина за пропаѓање на претходните тендери беше неисполнувањето на условите од постапката .
Она што е новитет во овој јавен повик, според информациите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски е тоа што се е продолжува времето за воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид а рокот ќе биде 26 март 2019та.
Досега само Визер беше нискобуџетна компанија која се јавуваше на повиците.