23 Април, 2024
0.0257

Третина буџет ќе трошиме само за враќање стари долгови

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија треба да врати во 2020 и во 2021 година дури 833 милиони евра, пари кои државата ги позајмила за да го финансира буџетскиот минус во претходните години, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, образложувајќи го ребалансот на буџетот.

Тевдовски рече дека во јануари годинава државата предвремено вратила речиси 92 милиони евра, со што како што вели, бил намален износот за рефинансирање во 2020 година, а притоа била остварена и заштеда во каматни исплати. 

„Особено значајно е да се знае дека во 2020 и 2021 година ќе имаме за враќање околу 833,3 милиони евра само по основ на три големи претходни задолжувања. Еврообврзница од 178,3 милиони евра издадена во 2015 година, евро-обврзница од 500 милиони евра издадена во 2014 година, и втора рата од PBG заем од 2013 година во износ од 155 милиони евра, плус други отплати на долгови на домашен и странски пазар“, рече Тевдовски. 

Соопшти дека годинава нето-задолжувањето односно разликата меѓу ново задолжување и отплати на стари долгови во 2018 година изнесува 22,3 милијарди денари (5,5 милијарди денари нето домашно задолжување и 16,9 милијарди денари нето надворешно задолжување). 

Со овие пари, ќе се покрие буџетскиот дефицит од 18,1 милијарди денари, а на сметка ќе се акумулираат 4,3 милијарди денари како депозит. 

„Моментот на акумулирање на депозити на сметка е особено битен, и укажува на водење на одговорна фискална политика, која гледа подалеку отколку само краткиот рок. Поточно, државата треба да биде подготвена за враќање на исклучително големите кредити кои беа земени претходно, а кои треба да се вратат наредните години, вели министерот.

Инаку во експозето во Собранието каде почна комисиската расправа за ребалансот, Тевдовски соопшти дека Владата обезбедила околу 50 милиони евра за финансиска поддршка на општините за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски како и на дел од неизмирените обврски на единките корисници основани од нив. 


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА