19 Април, 2024
0.0340

Третман на педијатриски мозочни заболувања во „Аџибадем“

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Како возрасните, така и децата можат да страдаат од невролошки проблеми. Децата може да се родат со вродени дефекти или состојби кои се развиваат подоцна во текот на животот. Тие проблеми треба да се третираат што е можно поскоро. Во Здравствената групација „Аџибадем“, најсложените педијатриски мозочни заболувања ги третира педијатрискиот неврохируршки тим предводен од проф. д-р Мемет Озек. Одделот за детска неврохирургија на „Аџибадем“ на годишно ниво успешно оперира 600 новороденчиња, бебиња и деца од целиот свет.

Проф. д-р Мемет Озек, поранешен претседател на Европското здружение за педијатриска неврохирургија (ESPN), бележи извонредна кариера во педијатриската неврохирургија. Тоа е таргетирана и сложена област на медицината за повеќето лекари, дури и за некои неврохирурзи. Милиони деца ширум светот, кои страдаат од различни мозочни заболувања како што се церебрална парализа, тумори на мозокот, епилепсија, хидроцефалус, спина бифида или краниосиностоза, имаат потреба од тие специјалисти. Постојат повеќе последици од овие болести. Некои деца може да развијат невролошки дефицит, недостаток на мозочен капацитет. Други не можат да одат и/или да зборуваат. Ако не се лекуваат децата со тумори на мозокот на крајот може да умрат. Во светот има ограничен број детски неврохирурзи кои ги лекуваат овие деца. Проф. Мемет Озек, шеф на Одделот за неврохирургија на Универзитетот „Аџибадем“, е светски познат хирург во оваа медицинска област. Покрај тоа што држи предавања на студенти по медицина, стажисти и научни истражувачи, тој лекува деца од целиот свет во Здравствената групација „Аџибадем“, Истанбул, Турција.

Церебрална парализа и спастичност

Церебралната парализа или ЦП, невролошко заболување кое влијае на телесното движење и координацијата на мускулите, е предизвикано од оштетување на мозокот што се јавува пред или за време на раѓањето на бебето или во текот на првите неколку години од животот на бебињата. Најчеста причина за церебрална парализа е недостаток на кислород кај бебето за време на раѓањето, што може да резултира со невролошки дефицити.

Церебралната парализа генерално ги оштетува областите на мозокот кои ги контролираат физичките движења, а исто така може да доведе до други здравствени проблеми како што се оштетување на видот, слухот и говорот, како и потешкотии во учењето.

Спастичноста најчесто е предизвикана од ЦП. Спастичните мускули кај децата се со тенденција да бидат вкочанети и трајно згрчени. Заради тоа тие неконтролирано и тешко одат.

Третман

Церебралната парализа не може целосно да се излечи. Сепак, соодветен третман може да ги намали ефектите на ЦП и со тоа да го подобри квалитетот на животот на пациентите.

• Физиотерапија: Се применува за намалување на контракциите на телото и зголемување на подвижноста пред и/или по операцијата.

• Операција: „Аџибадем“ изведува различни видови операции за лекување на церебрална парализа: селективна дорзална ризотомија, инјекции со ботулински токсин, селективна невротомија, длабока мозочна стимулација и интратекална баклофен пумпа. Тоа зависи од етиологијата, клиничката состојба и возраста на пациентот. По операцијата, нивото на болка и спастичност се намалува, а флексибилноста на рацете, начинот на одење и функционалната подвижност се подобруваат. Операцијата, исто така, им овозможува на пациентите сами да се грижат за себе.

„Аџибадем“ има мултидисциплинарен пристап кон церебралната парализа. Тим од специјалисти, вклучувајќи физиотерапевт, педијатриски неврохирург, ортопед и педијатриски невролог заедно ги испитуваат пациентите и го планираат третманот за спастицитет. Одделот за детска неврохирургија „Аџибадем“ изведува над 1500 операции во тој домен.

Тумори на мозокот

Туморите на мозокот сочинуваат приближно 20% од сите тумори во детството. Туморите може да се класифицираат како бенигни и малигни. Бенигните тумори не се канцерогени, растат релативно бавно и не се шират во други делови на мозокот и телото. Спротивно на тоа, малигните тумори се канцерогени, тие растат брзо и имаат тенденција да се шират во други делови на мозокот и телото. Туморите на мозокот во детството генерално потекнуваат од сопствените ткива на мозокот.

За жал, туморите на мозокот во детството се предиспонирани да бидат малигни. Медулобластомите се најчестите тумори на мозокот во детството. Овој тумор е малиген и се јавува во задната јама, област каде што се наоѓаат малиот мозок и мозочното стебло во задниот дел од главата. Може да влијае на координацијата на мускулите и телесното движење на детето.

Како што нагласува проф. Озек, „Лекувањето на детските тумори на мозокот бара високо ниво на обука и искуство за педијатриска неврохирургија. Тие се единствени. Интересно е што кај возрасните не се јавуваат одредени тумори, а одредени тумори кај возрасните не се забележуваат кај децата. Мозокот на детето е орган во развој. Кај возрасните, на пример, позната е областа на мозокот што е одговорна за движење на нозете и артикулирање на говорот, но кај децата туморите може да се наоѓаат на друго место. Со нашиот искусен тим за педијатриска неврохирургија и напредните медицински технологии во „Аџибадем“ обезбедуваме посебен третман за тумори на мозокот во детството“.

Третман

Лекувањето на тумори на мозокот кај децата е комплицирано. Познато е дека постојат три опции за третман на тумори на мозокот: операција, радиотерапија/радиохирургија и хемотерапија. Ако туморот на мозокот е бениген (не-канцероген) најверојатно ќе биде целосно отстранет за време на операцијата. Бидејќи бенигните тумори не им пречат на нормалните мозочни ткива, тие немаат склоност да се појавуваат повторно по операцијата ако целиот тумор е безбедно отстранет.

Од друга страна, малигните (канцерогени) тумори на мозокот се со поголема веројатност да им пречат на нормалните мозочни ткива и функција. Оттука, тие почесто предизвикуваат симптоми и компликации. Покрај операција, радиотерапијата и хемотерапијата имаат клучна улога во третманите на малигните тумори.

„Имаме одличен персонал за радиотерапија и педијатриска онкологија. Разговараме за специфичните состојби на секој пациент со тумор, за да дојдеме до соодветен план за лекување“ вели проф. Мемет Озек.

Епилепсија

Епилепсијата е невролошко заболување кое ги погодува невроните кај децата. Произлегува од абнормални електрични активности и сигнали во мозокот. Предизвикува не-провоцирани напади, го намалува квалитетот на животот на децата и влијае на успехот во образованието. Епилепсијата е почеста кај малите деца отколку кај возрасните. Приближно 4-5% од сите деца доживуваат напади во одреден момент од нивното детство. Епилепсијата се дијагностицира кај околу 1% од децата.

Третман

Епилепсијата првично може да се лекува со лекови. Постојат различни лекови против епилепсија. Ако некој лек не може доволно да го третира проблемот, лекарот може да примени друг лек. Сепак, 1 од 4 деца страда од епилепсија отпорна на лекови. Во тие случаи, нападите не престануваат без разлика кој лек ќе се примени. Сепак, нападите треба итно да се прекинат бидејќи тие деца се изложени на зголемен ризик од физичка повреда за време на нападот. Мозокот на детето е орган во развој и одреден број клетки умираат при секој напад. Така, детскиот мозок не може да порасне во нормален. Кај овие случаи, операцијата за епилепсија е најдобрата опција за третман на децата.

Постојат три типа на операција за детска епилепсија:

1. Ресективна хирургија, при која епилептичната зона што предизвикува напади се отстранува од мозокот.

2. Корпус калозотомија подразбира прекинување на врската меѓу хемисферите на мозокот.

3. Стимулацијата на вагусниот нерв (VNS) е процес на имплантација на уред генерално под клучната коска. Уредот испраќа електрични импулси до мозокот кои можат да ја преземат контролата над абнормалната електрична активност поврзана со напади.

Хидроцефалус

Хидроцефалусот е насобирање на течност во мозокот. Тоа е чест вроден невролошки дефект. Се забележува кај 2 од секои 1000 деца во светот. Предизвикува насобирање на прекумерна цереброспинална течност во мозочните шуплини. Следствено, мозочните функции на детето може да бидат негативно погодени. За време на раното детство, хидроцефалусот го открива семејството или педијатарот поради макроцефалија т.е. експоненцијално голема глава. Хидроцефалус кај деца ретко се развива во текот на доење, детството или адолесценцијата.

Третман

Повеќе од 25 години на Одделот за детска неврохирургија „Аџибадем“ хидроцефалусот се лекува со ендоскопска метода. При таа процедура, педијатриски неврохирург вметнува камера со дијаметар од 2-3 мм и ендоскопски инструменти во мозокот. Се копа мала дупка на дното од третата комора на мозокот или се наоѓа пат за испуштање на вишокот вода во мозокот. На крајот, цереброспиналната течност тече кон областа каде што може повторно да се апсорбира од телото. Оваа процедура се нарекува ендоскопска 3-та вентрикулостомија.

Според зборовите на проф. д-р Мемет Озек, „Користиме многу потенки и најсовремени ендоскопи. Можеме да ги оперираме пациентите и да ги отпуштиме следниот ден. Ако има рана дијагноза на хидроцефалус, детето може да ја победи болеста без трајно оштетување“.

Д-р М. Мемет Озек

Професор по неврохирургија

Професор Мемет Озек е експерт по детска неврохирургија, со повеќе од 40 години клиничко искуство и пациенти од целиот свет. Обучен како педијатриски неврохирург во САД, тој сега е еден од најдобрите доктори во Турција и во светот за третман на комплицирани мозочни заболувања кај децата. Негови посебни области на интерес се тумори на мозокот, вклучувајќи длабоко-всадени тумори на мозочното стебло, таламусот и хипоталамусот; операција за епилепсија; операција за спастичност; ендоскопска хирургија за вродени малформации, како што е хидроцефалус. Проф. д-р Мемет Озек раководи со Одделот за неврохирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Аџибадем“. Активен член е на национални и меѓународни професионални организации, автор и коавтор на 4 изданија на книги, 30 поглавја од книги, 117 трудови на англиски јазик и бројни презентации и предавања на меѓународни собири. Беше претседател на Европското здружение за педијатриска неврохирургија (ESPN) за 2008-2010 година.

За болницата „Аџибадем Алтунизаде“

Основана во 2017 година, „Аџибадем Алтунизаде“ е најновата болница на водечкиот приватен давател на здравствени услуги во Турција и во регионот, Здравствената групација „Аџибадем“. Нејзината оригинална архитектура, најсовремена технологија и клиничка извонредност обезбедуваат врвно искуство за пациентите по што е познат брендот „Аџибадем“. „Аџибадем Алтунизаде“ нуди напредни дијагностички и услуги за лекување во повеќе медицински специјалности, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на онкологија, неврохирургија, нега на срцето, роботска хирургија, клеточни терапии за педијатриски и возрасни пациенти. Сите карактеристики, од тројниот хибриден оперативен систем до само-дезинфицирачки кваки на вратите, се проектирани да ја зголемат ефикасноста и безбедноста на пациентите. Со внатрешна површина од 98.000 м2, капацитет од 350 кревети, 18 оперативни сали, 75 кревети за интензивна нега и паркинг простор за 550 возила, „Аџибадем Алтунизаде“ е целосно опремена за да ги задоволи сите потреби на пациентите.

https://www.acibadem.mk

macedonia@acibadem.com

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите