ТРГНАЛЕ ПО БАНАНИ,НАШЛЕ КОКАИН:15 милиони евра дрога,сокриена во магацин
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2023
Кокаин меѓу пакувањата со банани бил пронајден од работници кои го известиле сопственикот на компанијата , кој веднаш ја алармирал полицијата, дознава Аваз.
Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека со заплената е распаднат поголем синџир на шверц на наркотици.
- Пронајдени се точно 124 килограми кокаин. Спречен е синџир на шверц. Обвинителството на Босна и Херцеговина е информирано за се – соопшти Државната агенција за истраги и заштита.
Вредноста на пронајдениот кокаин е меѓу 10 и 15 милиони евра.