24 Април, 2024
0.0267

ТРГНУВААТ ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ: Хрватите го купија црногорскиот Телеком

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Хрватски телеком потпишал договор со Маѓар телеком за купување на 76,53 отсто дел во компанијата на Црногорски телеком за 123,5 милиони евра.

Како што јавува Вечерњи лист, се работи за најголемата аквизација на ХТ досега, односно прв голем чекор во реализација на стратегијата ширење на Хрватски телеком и негово позиционирање како водечки телеком играч во регионот.

Заклучување на трансакциите се очекува до крајот на јануари 2017 година.

Како што велат од ХТ, оваа аквизација ќе му овозможи излез на црногорскиот пазар на хрватскиот телеком оператор, неговите добавувачи и други компании од ХТ групата, со што се создаваат претпоставки и промовира извоз на хрватски стоки и услуги во Црна Гора.

Притоа, ширењето на ХТ, кој директно и индиректно генерира повеќе од три отсто од хрватскиот БДП, во конечниот исход ќе има позитивно влијание на економската активност, вработеност и приходи на државата од данокот во Хрватска.

Црногорскиот Телеком е најголемата телекомуникациска компанијата во Црна Гора, која нуди целосен спектар на фиксни и мобилни услуги. Во првите девет месеци од 2016 година, компанијата остварила приходи од 69,4 милиони евра. На крајот на третиот квартал имале 369,6 илјади мобилни корисници и биле втор играч на пазарот, со 32 отсто корисничка база во мобилната телефонија, каде најголеми конкуренти им се Теленор и М:Тел.

Со 140,3 илјади корисници во фиксната телефонија, Црногорски телеком има 93,6 процентен дел на пазарот на фиксната телефонија. Исто така има 73,1 илјади корисници на широкопојасен интернет, како и 60,1 илјада ИПТВ корисници. Кон крајот на 2015 год во компанијата работеле 588 вработени , се додава во текстот.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?