29 Март, 2024
0.0258

Трговците биле чесни на годинешниот „Блек фрајдеј“

Објавено во: Економија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Трговците за време на периодот на попусти, популарно наречен Блек Фрајдеј, делувале чесно и не ги манипулирале купувачите, односно немало измамничко рекламирање оваа година, заклучува Државниот пазарен инспекторат откако заврши со анализата на цените.

Од таму велат дека оваа година имало само една преставка од страна на купувачите, за разлика од претходните две години кога во периодот на шопинг-попустите имало по 40-тина преставки. 

- Имаше попис на самото место и буквално сите инспектори беа излезени на терен, а особено таргетирани беа шопинг-моловите. Секоја промена на цена трговците мора да ја пријавите, а ние следевме какви биле претходните цени и дали повторно биле вратени старите од страна на трговците со козметика, конфекција, техника и други производи, вели Мери Проја-Продановска, раководител на одделение на инспекциски надзор Скопје.

Од инспекторатот велат дека ова се должи на тоа што е зголемена непосредната соработка со економските оператори, нивото на подготвеноста на инспекторите и растот на свеста за чесно работење, како и поради висината на прекршочниот платен налог од 5.200 евра.

Проја-Продановска вели дека воопшто трендот на незадоволни потрошувачи се намалува од година в година, што исто така, има свое влијание.

- Се уште има трговци кои се пријавени од купувачи дека им продале износени чевли или расипани мобилни телефони, но има и ситуации во кои самите потрошувачи не се во право и имаат бизарни поплаки, вели таа.

Во моментов има 120 инспектори, но 40-тина од нив во еден момент може присилно да се пензионираат доколку, како што се најавува, биде вратено старото законско решение. Според истото, тие ќе мора да се пензионираат поради веќе навршени 64, односно 62 години. Тоа би претставувало голем хендикеп во работата, ако се знае дека оптимален број на инспектори би бил 150, што засега изгледа недостижно.

Во моментов ДПИ кадровски се екипира со новопримени 15 помлади инспктори, а од јануари ќе профункионира тренинг-центарот во кој тие ќе учат од поискусните колеги. Претходно, во текот на 11 години имало само пет нови вработувања. 

Александар Кузмановски.


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра