Трговците ја кројат мерката за поевтинувње, додека Мицкоски и Дурмиши не се во земјата

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2025 16:20
Новоформираната трговска комора, која се здружи специјално за да повика на итна средба со Владата и барем засега да не се донесе мерката за ограничување на бруто профитните маржи до 10 отсто на одредени прехранбени продукти, има нов свој предлог до надлежните.
Според информациите на Телма, трговците предложиле листа од 140 производи за поевтинување чии маржи ќе се ограничат од 3 до 15 отсто, но од 22 март до 22 април, со што би се покриле верските празници.
Владата требаше да донесе одлука преку Министерството за економија уште минатиот вторник за ограничување на маржата на 10 отсто за 70 продукти, но и на хигиенски производи и бебешка храна. Мерката требаше да започне веднаш и да трае до крајот на април. Во меѓувреме имаше неколку средби со трговците, а одлуката не се донесе.
Утре се очекува одговор од Владата, но сепак министерот за економија Бесар Дурмиши е во Катар, а премиерот Христијан Мицкоски од Минхен треба да замине за Вашингтон.
„Иако Владата уште во вторникот најави замрзнувањето на маржите, оваа недела измина а одлуката не е донесена. Очигледно, интересот на бизнис елитата за владата е поважен од тоа да ги заштити граѓаните.
Како одговорна опозиција, СДСМ предложи сеопфатна економска стратегија – сет на 7 мерки преточени во закони кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните“, веќе реагираа од опозицијата.
Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
