Трговците затекнати-што се случува со швајцарскиот франк
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2019
Доларот зајакнал поради растот на загриженоста дека преговорите помеѓу САД и Кина нема да го ублажат трговскиот спор меѓу најголемите светски економии.
Швајцарскиот франак доживеа краткотраен мини „колапс“.
Краткорочниот пад на франкот од 1,0 отсто ги шокираше тргувачите со валути во текот на трговската сесија во Азија во понеделникот.
Швајцарската валута во 2015 година зајакна за дури 30 отсто откако Швајцарската централна банка го изненади пазарот со укинување на фиксниот курс на франкот кон еврото. Во понеделникот, франкот падна 0,2 отсто на 1,002 франци за долар.
Од друга страна, доларот бележи раст осми ден по ред. Доларскиот индекс, кој ја покажува неговата вредност спрема шест конкурентски валути, пораснал за 0,2 отсто на 96,83 поени.
Еврото незначајно паднал во онднос на доларот, на 1,1315 долари.
Еврото се соочи со притисок имајќи предвид дека приносите на обврзниците на најважните европски економии ги допреле најниските вредности во последните две години.
Единствената валута од почетокот на месецот изгубила 2,5 проценти.