Трговски во Сараево е евакуиран поради дојава за бомба
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2019
Евакуиран e трговски центар во Сараево поради дојава за бомба.
„Сараево сити центар“ е евакуиран поради дојава за поставена бомба, информираше Оперативниот центар при Министерството за внатрешни работи во БиХ.
Дојавата за поставена бомба во трговскиот центар телефонски е упатена во 16.55 часот, по што припадниците на полициската управа на Кантонот Сараево почнале со претрага, објави Klix.ba.