Три балкански земји на листата најубави во светот
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2019
Три држави од регионот се најдоа на листата најубави во светот.
„CONDÉ NAST TRAVELLER“, светски признато списание за патување, на својот попис од 40 најубави земји на светот ставил и три балкански држави.
Трите балкански држави се Хрватска, Црна Гора и Словенија кои се заедно на листата со едни од најубавите светски дестинации како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд, Јапонија и многу други.
Во својот прилог тие Хрватска ја опишале како земја со „брановидни полиња и бели сончеви плажи“.
Словенија ја нарекле како земја која „има сè да понуди“ - од Алпите преку езерото Блез до „прекрасните зелени шуми“.
Подеднакво ги воодушевила и Црна Гора за која се согласиле со зборовите на поетот Џорџ Гордон Бајрон кој ја опишал како „најубавата средба на земјата и морето“.