22 Септември, 2020
0.0385

ТРИ „БИЗНИСИ“ ВО ЕДНО - објектот му бил и кафеана, и фабрика за дрога, и бордел

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Што ти се вели смисла за бизнис.

Држел угоститески објект,  но во него произведувал и дроги, а држел и десет танчерки, кои можеби биле принидени да нудат и други услуги.

Сето ова „му успеало“ на 46 годишен човек од Добридол, но сега пред органите на прогонот ќе треба да објаснува зошто се занимавал со овие криминални дејности. 

„На 08.08.2020 година во временскиот период од 00,15 до 02,00 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Гостивар - СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност  на МВР врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил  извршен претрес во  угостителски објект  и  други помошни простории сопственост на Р.Б. (46) од с. Добридол, поради  основано сомнение за сторено кривично  дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија“, соопшти полицијата. 

Од МВР додаваат дека при извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест  се  државјанки од Република Албанија и една е  од  Република Косово , кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“ член  418-а, од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Можеби ќе ве интересира

Ковид беснее на истокот од Македонија: 554 активни во помалите градови, со температура чекаат да бидат тестирани

Ковид беснее на истокот од Македонија: 554 активни во помалите градови, со температура чекаат да бидат тестирани

СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА НЕМАЛО, АМА ИМАЛО 700 ИЛЈАДИ - еве колку тежеле најголемите влогови во пропаднатата Еуростандард банка

СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА НЕМАЛО, АМА ИМАЛО 700 ИЛЈАДИ - еве колку тежеле најголемите влогови во пропаднатата Еуростандард банка

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот