Три деца и тренерот спасени од пештерата во Тајланд ќе добијат државјанство
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
Три деца и тренерот кои беа дел од олимпискиот фудбалски тим кои беа заглавени во пештера во Тајланд, во среда ќе добијат државјанство, бидејќи до сега имаа статус на апатриди.
Четворицата до сега беа апатриди и не беа државјани на ниту една земја, па поради ваквиот статус беа скратени од некои основни права.
Апатридите во Тајланд немаат право на глас, купување земјиште, легално вработување, а не можат ни слободно да се движат каде сакаат. Во Тајланд со ваков статус се 488.105 регистрирани лица, а нивниот вистински број се претпоставува дека е околу 3.5 милиони.
Децата на возраст од 11 до 17 години и нивниот 25 годишен тренер на 23-ти јуни заглавија во пештера, а целиот свет ја пратеше нивната мисија за спасување, која заврши успешно.