26 Април, 2024
0.0364

Три девојки меѓу коњаниците на Илинденскиот марш

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Оваа година три девојки со коњаниците тргнуваат на Илинденскиот марш за Крушево, со цел да им оддадат почит на хероите.

Драгана Каловска трета година по ред учествува, Елена Мишева втора година, а за прв пат нив ќе им се приклучи и 17 годишната Maрија Стамболиска. Пред да тргнат на пат, тие имаа подготовки.

„Оваа година подготовките полесно поминаа затоа што веќе се имам навикнато, знам точно што се треба да се спреми. Во врска со коњот се вика Дори, и многу сум задоволна колку е послушен. Не ми требаше многу време да го навикнам, за неколку дена се научивме. Подготовкиве траат две недели што значи тренинзи секој ден за јавачите, а за организацијата многу подолго. Има повеќе јавачи коишто оваа година ќе јаваат за прв пат меѓу кои и 17 годишната Марија Стамболиска, така што оваа година сме три девојки, јас, Елена Мишева која што ќе јава втор пат и Марија по прв пат. Како најискусна должна сум да им помагам на девојките, досега сè помина во најдобар ред, мило ми е што ,,пуштив нога" за женска екипа“, вели Каловска.

Дваесетина коњаници од четата од Горно Лисиче, Мавровската чета која што тргна вчера од Врбен со десетина коњаници, тие се спојуваат во Кичево со Кичевската коњаница и заедно пристигнуваат во Крушево на 31 јули.  Во 18:30 часот денеска од црквата Св. Апостол Петар и Павле во Горно Лисиче, по молитвата и заклетвата ќе тргнат и девојките за Крушево.

„Очекувам сè да помине со лесно, да нема дожд затоа што не е лесно да се јава на дождот. Оваа година го имаме Стефан Николовски кој што ни е млад војвода, а и млада чета сме, така што очекувам и добра дружба по пат. Ме мотивираат луѓето кои ги среќавам, нивната позитивна енергија и поддршката која  ми ја даваат, љубовта кон Македонија и огромната почит што ја имам кон натчовечките херојски дела на илинденците. Тоа што можам да почувствувам само многу мал дел од духот на нивниот труд и да се ставам во таа улога е нешто преубаво и тоа ме исполнува. На сета мака и напор по пат кога ќе стигнам во Крушево сум навистина среќна, тоа чувство ме мотивира да се пријавувам веќе трет пат“, раскажува Каловска.

За честувањето  на големиот празник Илинден тие ќе бидат во Крушево. Секоја година граѓаните на Крушево излегуваат за да ги пречекаат коњаниците. Оваа година се организира 41-от по ред Илинденски марш. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот