Три фабрики за марихуана ќе никнат во 2019-та само во една општина
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018
Од четири најавени фабрики, дури три ќе бидат за преработка на марихуана, според планот за 2019-та што го најави градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, објави Фокус. Во комбинатите од оваа суровина ќе се произведуваат медикаменти.
-Во текот на измината година големо внимание посветивме и на привлекување на нови инвестиции. Во таа насока четири големи компании одлучија да инвестираат во нашата општина и истите во 2019 година ќе почнат со работа. Од нив три ќе бидат за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби и една фабрика за природно ѓубриво. Се очекува со реализацијата на овие инвестиции да се отворат минимум 200 нови работни места во нашата општина – соопшти Петров.
Исто така, тој информираше дека со цел да се промовира општината како туристичка дестинација, планирана е изградба на Авантуристички парк.