11 Јули, 2025
0.0341

Три години и четири месеци затвор за раководителот за урбанизам на Маврово и Ростуше

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2025 14:27

Добивај вести на Viber

Обвинителството објави дека е одредена казна затвор од три години и четири емсеци за раководителот на секторот за урбанизам на општина Маврово и Ростуше кој беше фатен од полицијата како прима мито од 13.000 евра.

Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Парите требало да му се исплаќаат на рати, аполицијата го фати директоно додека го примал поткупот во март.

„По поднесеното обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против С.Е., сега осудениот во целост призна дека ги сторил кривичните дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание и наводите во обвинението. Основниот кривичен суд Скопје му изрече осудителна пресуда врз основа на признание на вина и му одреди казна затвор во траење од три години и 4 месеци. 

На предлог на јавниот обвинител, судот одлучи да се конфискуваат сите парични средства во вкупен износ од околу 11.600 евра што во моментот на претресот беа пронајдени кај сега осудениот, што претставува примена на инструментот на проширена конфискација предвиден во член 98-а од Кривичниот законик. Парите се одземаат бидејќи обвинителството докажа дека тие ги надминуваат законските приходи на сторителот и дека постои основано уверување дека и тие потекнуваат од кривично дело против службената должност“, објави ОЈО.

Осудениот во периодот од јануари 2025 година, во неколку наврати во Гостивар и Скопје директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејствие кое морал да го изврши и директно примил награда за трети лица за да со искористување на своето реално влијание интервенира да се изврши службено дејствие што морало да се изврши.

„Како раководно службено лице кое одлучува во управна постапка и како член на Комисија за урбанизам, осудениот на претходно договорени средби, побарал од еден подносител на барање паричен износ најпрво од 16.000 евра, а потоа го намалил барањето на 13.000 евра. Парите се согласил да му бидат исплаќани етапно онака како што течела управната постапка, притоа уверувајќи го пријавителот дека средствата се за сите членови на Комисијата кои треба да одлучуваат по барањето за да постапат во побрз рок. За првото дејствие побарал 4.400 евра, но на 19.03.2025 година во угостителски објект во Скопје примил 2.000 евра бидејќи сведокот му кажал дека само толку може да обезбеди во тој момент и притоа беше уапсен на лице место при приемот на парите“, додаваат од ОЈО.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик