11 Декември, 2019
0.0082

Три години затвор оти украл 150 ќебапи

Објавено во: 10 Август, 2015

31 –годишен велешанец ќе лежи три години во затвор, затоа што ограбил кафеана и направил штета од 6 000 денари.

Минатата година во мај, тој влегол во кафеаната и украл 150 ќебапи, 20 плескавици, 2 литри лозова ракија, два литри узо, еден литар мастика, еден литар коњак, 10 лименки пиво, краставици, домати, различни видови сувомесни производи.

Обвинетиот го признал делото, а казна затвор му изрече судот во Велес.