Три големи нови бури се закануваат со нов пустош
Објавено во: Свет 17 Септември, 2017
Во западниот дел на Атлантикот се формираат три нови големи тропски бури, од кои Марија веќе е на ниво на ураган и од утре ќе ги погоди истите населени места каде пустосеше Ирма најсилниот ураган досега.
Марија има постојани силни ветрови со брзина од 80 километри на час, а се наоѓа на стотина километри од брегот на Средна и Северна Америка, па се очекува најпрво да ги погоди Антилите, а потоа и брегот на Порто Рико.
Националниот центар за урагани на САД веќе упати предупредување за можно засилување на бурата па властите треба да бидат повторно подготвени за можни евакуации.
Бурите Хозе и Ли исто така земаат замаф и ќе има последици најмногу на Бахамите и Њу Ингланд но, нивниот ефект не се предвидува да се засили во наредните денови.