ТРИ ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ: Римац си ги откри целите
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2018
Најголем предизвик за компанијата на автомобили Римац, чиј сопственик е Мате Римац е да премине од мало сериско производство од стотина батерии и делови за автомобили на производство со 10 илјади батерии и други производи кои се испорачуваат на глобалните автомобилски играчи, пишува Пословни.хр.
Римац вели дека компанијата ќе се развива во две насоки, да испорачува делови на познати компании како Aston Martin, Ferrari, Porsche, Mercedes, а другото е да развива сопствени супер автомобили.
Тие два бизниси одат заедно, а Римац вели дека за пет години сака да оствари 4 стратешки цели.
Тој сака да покаже што можат електричните автомобили, но и што тие како компанија можат да направат.
фото Пословни.хр