Три лица повредени во сообраќајка во Тетово, меѓу кои и 2 годишно девојче
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2016
Три лица, од кои едно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат Фалише-Стримница. Во сударот учествувале две патнички возила „Киа Пиканто“ со тетовски регистарски таблички управувана од А.А. (33) од Стримница и „Голф“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.К. (19).
Двегодишното девојче кое било сопатник во „Киата“ било потешко повредено и по укажаната помош задржано е на лекување во тетовската клиничка болница заедно со А.А. која имала полесни телесни повреди додека по укажаната лекарска помош А.К. бил пуштен на домашно лекување.
По овластување на јавен обвинител увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините за сообраќајката додека материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.