ТРИ ЛИЦА СЕ ИСЧЕЗНАТИ ВО САМО ДВА ДЕНА - полицијата трага по нив
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020
Три исчезнати лица има во последниве два дена, според последниот билтен на МВР.
Исчезнале млада жена и сопруга на 24 години од Велес, младо момче на 20 години од Куманово, но и малку повозрасен човек на 52 години од Гостивар.
„На 09.08.2020 во 01,00 часот во СВР-Велес, Ф.Р.(43) од Велес пријавил дека на 07.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.Р.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 08.08.2020 во 22,15 часот во СВР Куманово Н.Ј.(43) од Скопје пријавил дека на 07.08.2020 во непознат правец се оддалечил неговиот син Р.Ј.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 09.08.2020 во 01,00 часот во Полициската станица Гостивар Ф.А.(27) од Гостивар пријавил дека на 06.08.2020 од домот во непознат правец се оддалечил неговиот татко Н.А.(52). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се вели во соопштението од полицијата.