16 Април, 2024
0.0269

Три меѓународни арбитражи против Македонија поради концесии укинати од актуелната власт

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber


Три меѓународни арбитражни постапки во моментов се водат против Владата за одземени концесии во рударскиот сектор, а одлуките поттикнати од СДСМ им создале правна несигурност на странските инвеститори и покрај отвореноста кон нив и позитивниот меѓународен профил што го прокламира владеачката партија, објави меѓународниот SeeNews.

Според податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), постојан меѓувладин орган во рамките на Секретаријатот на ОН што се занимава со трговија, инвестиции и прашања за развој, од седумте арбитражни случаи што се поднесени од донесувањето на законот за меѓународна комерцијална арбитража во 2006 година, три се однесуваат на наводното арбитрарно прекршување од страна на актуелната власт во рударскиот сектор од 2017 година.

Во сите случаи, погодени се странски инвеститори, при што индиската група „Бинани“ тврди дека нејзината концесија за олово и цинк во Добрево и Тораница била произволно експроприрана и прераспоредувана, додека украинско-британската компанија „Коппер Инвестментс“ тврди дека неговата концесија за бакар, злато и сребро во Казандол е откажана без правна основа. Во меѓувреме, Кунико рисорсис на контроверзниот израелски милијардер Бени Штајнмец тврди дека Владата се замешала во продажба на рудникот за феро-никел во Кавадарци, со што ефикасно резултирало во банкрот на оперативната компанија. Сите овие три концесии беа доделени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една друга држава од Западен Балкан нема споредлив број арбитражи што влијаат на еден сектор, ниту во толку брза темпо, според истата база на податоци.

Преку измени и дополнувања на Законот за минерални суровни Министерството за економија се обиде да најде долгорочно решение за проблемите со безбедноста и здравјето што ги имаат жителите во населените места во чија близина се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини со еднострано раскинување на концесиите. Измените влегоа во собраниска процедура по скратена постапка, но не беа усвоени поради распуштањето на Собранието на 16 февруари поради предвремените парламентарни избори. 

Бизнис-заедницата реагираше дека Законот за минерални суровини е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка. Овој закон е еден од најчесто менуваните, поради што е неопходно измените да се донесуваат врз основа на јавна расправа во која ќе се вклучат претставници од бизнис-заедницата, Министерството за економија, невладиниот сектор, научната јавност  и другите засегнати страни. 

Според амандманите предложени од коалицијата предводена од СДСМ, концесијата може да  биде прекината и ако концесионерот експлоатира помалку од 30 отсто од планираната количина на минерални суровини во текот на една година, или ако концесионерот не успее да го извести Министерството за економија за промени во сопственоста на нејзиниот мнозински сопственик.Според тоа Владата би имала значително дискреционо право за произволни одлуки, го централизира одлучувањето и ги заобиколува градоначалниците, оставајќи простор за политички -мотивирана злоупотреба, велат критичарите.

„Предложените измени се загрижувачки. Тие беа објавени без консултации со индустријата или засегнатите страни и не се знае како ќе се процени дека на некому му е загрозено здравјето и безбедноста. Тие трасираат пат за еднострано раскинување на договорите и произволно одлучување, со кое не само што одат во спротивност со она што ЕУ го бара во смисла на правна сигурност и напори за борба против корупцијата, туку ќе ги исплаши потенцијалните инвеститори “, вели Патрик Форвард, главниот оперативен директор во канадската централа на „Еуромакс рисорсис“ за SeeNews. При тоа побара да се создадат услови за предвидлив и конкурентен слободен пазар каде што странските инвеститори се навистина добредојдени.

Главниот проект на канадската компанија за развој на бакар и злато е проектот „Иловица-Штука“ на планината Огражден со вредност од 343 милиони евра Во декември 2019 година, сепак, Владата донесе одлука еднострано да го прекине договорот за концесија со „Еуромакс“, врз основа на доцнења во обезбедувањето на соодветните дозволи. Еуромакс одговори дека одлуката е политички мотивирана и се закани дека ќе побара меѓународна арбитража, иако засега ситуацијата не е дојдена до таа инстанца.

Доколку концесионерот Еуромакс реши да ја даде државата на Арбитража, тогаш земјава е во ризик од плаќање голема сума пенали зависно од исходот на пресудата. Канаѓаните неодамна поднесоа тужба до Управниот суд на земјава против решението со кое второстепената државна комисија всушност пресече дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот во Иловица.  Имено, по неколку годишни протести на граѓани од струмичкиот крај и еко активисти Владата се одважи и реши планираниот рудник конечно да не се гради. Иловица остана без концесијата, а од „Здрава котлина“ упатија честитки за ваквата одлука.

Сепак, локалните организации за животна средина ги сметаат предложените измени во законодавството за рударство како чекор во вистинската насока. Во последниве години, населението во земјоделските региони стана свесно за ризиците што ги претставуваат рудниците и се повеќе се спротивставува на отворање рудници што би ја загрозиле животната средина и би влијаеле на земјоделското производство.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила