19 Април, 2024
0.0275

Три милиони денари главна награда на „Мој ДДВ“

Објавено во: Економија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Од 15 декември започнува наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ со скенирањето на фискалните сметки, а наградниот фонд че изнесува половина милион евра и ќе има дневни, месечни и две главни награди од по 3 милиони денари, кои ќе се доделат во март и декември 2020-та година. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска рече дека при скенирањето на фискалната сметка, без оглед на износот, корисниците ќе добијат порака дали таа е добитна или не. 

- Игрите како такви се користат од сите влади не само од владите од земјите во развој, не само за сива економија, туку се користат за да се промени одредена навика и одредено однесување и да се стимулира одредена активност. Во однос на наградниот фонд кој што беше споделен, истиот фонд ќе биде достапен до сите граѓани кои ќе имаат шанса да добијат дневна, месечна награда и секако знаеме дека сите сакаме наградни игри. Тоа е начин да ни помогнат во адресирање на сивата економија, најави Ангеловска.

Попрецизно, во текот на 12-те месеци на времетраење на наградната игра ќе се доделуваат:две главни премии од по 50.000 евра, месечни награди – 12 кола по 15 награди од по 100.000 денари, дневни награди – секој ден доделување на 4 награди по 1 000 денари, 3 награди по 2 000 денари и 3 награди по 3 000 денари.

- Наградната игра ќе влијае и на подигнување на даночниот морал и нивото на финансиска едукација преку пораките кои ќе ги добивате при секое скенирање на сметка, додаде министерката.

Инаку наградната игра „Мој ДДВ, моја наградата“, ќе ја спроведува фирмата „Мекен“, кој во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг стратегијата, предлогот на извлекувањата и прогласување на победниците за наградната игра, откако победи на Хакатонот.

- Студентите беа вклучени во изработката на маркетинг стратегијата за да може да видат како работите функционираат во пракса. И Министерство за финансиии Државната лотарија на Македонијасакаме дел од овие студенти, кои беа учесници на ФинХакатон2, да бидат поканети на пракса во двете институции, за реално да гледаат како ќе се одвива целата стратегија на која работеа, рече Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите