19 Април, 2024
0.0307

Тридневна бесплатна ЛЕГО работилница во Ист Гејт Мол

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Првите години од детството се најважни за правилен детски развој. Учењето за светот околу нас преку забава и логички предизвици, пропратени со голема поддршка, нега и љубов, се едни од најдобрите начини за здрава нега на детскиот ум.

Последниот викенд од јануари најголемиот регионален шопинг центар од европски ранг се очекува да биде исполнет со детски џагор, бројни насмевки и многу забава за најмалите.

Во организација на КРШ и Ист Гејт Мол, на 28.01.2022 (петок) од 18:00 до 20:00 часот, како и на 29.01.2022 (сабота) и на 30.01.2022 (недела) од 13:00 до 16:00 часот, детските умни глави ги очекува тридневна ЛЕГО работилница со коцки и наградни изненадувања за најсреќните дечиња.ЛЕГО работилницата во наведените временски интервали ќе се реализира спроти продавницата КРШ, а во склоп на истата на сите посетители ќе им биде достапен и мал изложбен дел на ЛЕГО играчки.

„Конзистентната достапност на широка палета на содржини, коишто ги дополнуваме и збогатуваме секојдневно, и коишто се соодветно и внимателно смислени да одговараат за сите генерации и да ги исполнат и најпребирливите вкусови и очекувања за како треба да изгледа прошетка во еден ваков шопинг центар каков што е Ист Гејт Мол, е нашиот најголем и омилен предизвик, уште од денот кога ги отворивме вратите на домашните и странските посетители. Уживањето во комфорен и безбеден шопинг, движејќи се низ пространите коридори на секое ниво во Ист Гејт Мол, е уникатно, а моменталните јануарски намалувања на достапните брендови до -70% попуст, се и повеќе од привлечни за сите возрасти.“ изјави Билјана Северинова, Маркетинг менаџер на Ист Гејт Мол во Скопје.

Годината можеби само што започна, но овој викенд во Ист Гејт Мол пристигнуваат сите 12 месеци одеднаш. На 30.01.2022 (недела) атмосферата на шопинг центарот ќе биде збогатена со уште една театарска претстава за деца, „12те месеци“, во изведба на актерската екипа на Театар за деца и младинци, со почеток во 12:00 часот напладне на -2 кат, кај Тинекс маркетот, на Централниот плоштад.

На сите талентирани љубители на спортот, покрај можноста до крајот на јануари за слушање на спортските вести од студиото на Спортско Радио во живо во Ист Гејт Мол, им преостануваат само уште неколку дена до 30.01.2022 до кога ќе можат да учествуваат во спортскиот зимски предизвик на Спорт Вижн и Интерспорт, „Дај гол и добиј попуст“.

Вратите на најголемата регионална шопинг престолнина се отворени секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела работат до 22 часот.

Во месец јануари почни со шопинг, забава и уживање во Ист Гејт Мол и уживај во јануарската зимска бајка од содржини и попусти за сите генерации.

Ти си центар.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга