22 Септември, 2020
0.0265

Триесет и тригодишник загинал откако автомобилот во кој се возел излетал од коловозот

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Триесет и тригодишен жител на селото Моноспитово вчера загинал откако автомобилот во кој бил сопатник изгубил контрола и излетал од коловозот, во близина на селото Габрово, струмичко. Во оваа сообраќајна несреќа повредени биле и возачот, како и другите двајца сопатници во автомобилот.

МВР извести во својот билтен за сообраќајната несреќа. 

„На 19.01.2020 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека кај крстосницата „Габровски водопади“ во близина на с.Габрово, струмичко, В.М.(38) од с.Моноспитово, струмичко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од с.Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал. Со телесни повреди се здобил возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од с.Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица“, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот