18 Април, 2024
0.0272

Триесетина партии ќе тераат заедничка, но и поединечна референдумска кампања

Објавено во: Македонија 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерите на сите политички партии кои се декларираат за успешен референдум синоќа во скопски хотел искоординираа заеднички настап со единствена кампања за убедување на граѓаните пред изјаснувањето на 30 септември. Предводник во креирањето на формата и содржината на кампањата е СДСМ, но останатите партии ќе делуваат и поединечно. Се споменуваше дека ќе се потпишат и одредени принципи за тоа какви ќе бидат активностите, но до такво нешто не дојде меѓу лидерите.

На средбата која се одржува на иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, присуствуваат лидерите на ДУИ, НСДП, ДПА, ДОМ, Демократски сојуз, Обединети за Македонија, ПЕИ, Достоинство - Али Ахмети, Тито Петковски, Мендух Тачи, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љубе Бошковски, Фијат Цановски, Стојанче Ангелов и други.

„Околу 30 политички субјекти се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија, преку прифаќање на неколку заеднички принципи.

Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат ЗА на престојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018 година.
Едногласни се дека Република Македонија своите стратешки цели може да ги оствари единствено преку членство во НАТО алијансата и во Европската Унија и дека граѓаните и државата ќе добијат значајни придобивки од евроатланстските интеграции на земјата.

Политичките партии кои вечерва се обединија околу основните принципи согласни се дека македонско-грчкиот договор ги отвора вратите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија.
Партиите сметаат дека секој граѓанин на Република Македонија со право на глас треба да преземе одговорност, да излезе и да гласа афирмативно на претстојниот референдум.

Како што беше договорено на средбата партиите го задржуваат правото да водат сопствени јавни комуникации поврзани со референдумот кои може да се индивидуални и независни или во рамки на други коалиции и кампањи.“, беше нагласено во полноќното соопштение на СДСМ.

- Успехот на референдумот значи изградба на европска Македонија. Јас сум убеден дека мнозинството граѓани што ги претставуваме и кои ни ја доверија одговорноста да ја водиме државата, ќе ја исполнат својата граѓанска должност, ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев. 

Пред почетокот на средбата, која се одржа во хотелот „Холидеј Ин“, Заев изјави дека се поканети лидери на партии кои имаат про-европски и про – НАТО ставови и го поддржуваат референдумот. Тој истакна дека на Македонија и е потребна национална коалиција во врска со вакви важни прашања.

Крилото на Билал Касами одлучи дека нема да се приклучи кон заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот.Единствено само тие најавуваат посебна кампања и поддршка на референдумот.

По завршувањето на средбата на лидерите на политичките партии кои го поддржуваат референдумот, за ТВ 21 Амди Бајрам изјави дека веќе имаат направено анализа и знаат како ќе ги мотивираат ромите да излезат и гласаат на референдумот.

„Се знае, ние сме за Македонија и така ќе останеме. Имаме направено анализа и сигурни сме дека преку 90% ќе излезат да гласаат“, рече Амди Бајрам.

Од Собранието во понеделникот информираа дека досега пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници до претседателот на Собранието, Талат Џафери, испратиле допис со кој го информираат дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, кој ќе се одржи на 30 септември.

Како независни се декларирале Амди Бајрам од Сојузот на Ромите и Јусуф Асани од Партијата на Турците, а пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ испратил допис до Собранието дека како поединец ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање.

Од друга страна, вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да го послушаат повикот на лидерот Христијан Мицкоски и да не користат владини пари за кампања поврзана со референдумот – ова било договорено на вчерашната партиска координација, која траеше во текот на речиси целиот ден.

Иако неофицијално, во партијата имало и поинакви мислења, сепак оттаму одлучиле дека финансирањето кампања од власта со буџетски средства е погрешна одлука. Токму тоа и го навеле во дописот кој доцна попладнево координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, го испратил до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Средствата за рекламирање, како што пишува во образложението, треба да се наменат за реализација на проекти од областа на образованието, за земјоделците и за опремување на војниците.

„Ги повикуваме Владата и нејзините пратеници да се откажат од средствата за себерекламирање под превезот на референдум и тие да ги насочат кон конкретни проекти во реалниот сектор. Информирањето за различните видувања да биде предмет на бројни медиумски соочувања во претстојниот период“, стои во дописот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата сè уште јавно не излегоа со став дали ќе учествуваат на референдумот или ќе го бојкотираат. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тоа го најави за 10 септември.


Можеби ќе ве интересира

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше