20 Април, 2024
0.0302

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркaПозаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот.Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата.

S&P во својот извештај го оценува профилот на ризик во работењето на Групацијата Триглав како солиден, а профилот на финансиски ризици како многу солиден.  Во извештајот се наведува дека Групацијата, со својот фокус кон клиентите и во овие тешки услови обезбедува стабилно и профитабилно работење во двете активности, во осигурувањето и во управувањето со средства. Водечката позиција на словенечкиот пазар овозможува да примени економија од обем, која што ја надополнува со својата широка понуда и продажна мрежа и со употреба на силниот бренд. Профилот на ризичност на Триглав е добар, поврзан е со конзервативна инвестициска политика и со стабилна и ефективна реосигурителна заштита, додека инвестициското портфолио е квалитетно и добро диверзификувано, претежно во еврозоната. S&P смета дека претходно наведеното, во комбинација со дисциплинираното преземање осигурителни ризици е клучниот темел за стабилноста во работењето и за позицијата на Групацијата Триглав.

Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг ги рефлектира очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав и во иднина, најмалку во следниот двегодишен период, успешно ќе ја одржува деловната стратегија со акцент на растот и натамошната диверзификација во работењето. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај пандемијата и нејзините влијанија, ќе ги одржи доброто и стабилно работење и високата капитализираност и дека и во следните две до три години ќе ги исполнува критериумите за најмала оцена »AA«.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга