28 Март, 2024
0.0254

Триглав Осигурување Скопје со добри резултати во сите сегменти од работењето

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав во првите три месеци од годинава работеше добро и во согласност со стратешките насоки. Нето добивката на Групацијата изнесуваше 22,3 милиони евра. Консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 281 милион евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година. Раст во премијата беше забележан на сите седум осигурителни пазари на кои што е присутна Групацијата, и во сите деловни сегменти од осигурителната дејност на Групацијата, како и во подрачјето на осигурување на живот, и тоа дури за 10%.Комбинираниот коефициент е поволен и понизок од својата зацртана долгорочна стратешка просечна вредност. Финансиските пазари и оваа година имаат ниски, односно нулти каматни стапки, а во водечката осигурително-финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија не се очекува видливо подобрување на ситуацијата во краткорочен период. Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2017-та година постигна 9-процентен раст во премија и, и натаму останува водечка осигурителна компанија на македонскиот пазар. Со подобрен комбиниран коефициент во висина од 92,9%, компанијата покажува позитивни резултати во основната дејност.

Профитабилност. Деловните резултати во првото тромесечје од оваа година се добри. Нето добивката на групацијата Триглав изнесува 22,3 милиони евра (22,6 милиони во истиот перод минатата година), добивката пред оданочување изнесува 25,5 милиони (за споредба, минатата година изнесуваше 28,2 милиони).

Раст во премија на сите пазари и во трите осигурителни сегменти. Консолидиранта премија од осигурување и соосигурување изнесува 281 милион евра, што е 22 милиони, т.е. 8% повеќе од истиот период минатата година. Раст во премијата е реализиран во сите деловни сегменти од осигурителната дејност на групацијата Триглав. Во најголемиот сегмент, неживотно осигурување, премијата се зголеми за 8%, во доменот на здравствено осигурување за 13%. Оваа година се забележува позитивен тренд кај премиите од осигурување на живот, каде што е остварен раст од дури 10%. Добриот резултат е последица на успешното задржување средства од полисите на доживување и повисоките уплати на премија.

Раст во премија е остварен на сите седум осигурителни пазари на Групацијата.Во Словенија Заваровалница Триглав обезбеди 8% повисока премија од истиот период минатата година, а другите две осигурителни куќи, Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба остварија раст во премија од 13%, односно 1%. Просечниот пораст во премија на останатите пазари изнесува 15%. Најголем пораст од 38% е реализиран на српскиот пазар.

Штетни настани, поволен комбиниран коефициент. Во првото тромесечје немаше масовни штетни настани. Бруто исплатените штети се повисоки за 3%, но тоа е резултат на зголемување на самото портфолио и зачестеноста на штетни настани. Поради зголемувањето на штетниот коефициент дојде до зголемување на комбинираниот коефициент, којшто изнесува 92,7%. Оваа вредност на коефициентот е поволна и пониска од зацртаната долгорочна стратешка просечна вредност.

Влијание на каматните стапки на приносите од финансиски вложувања. И оваа година финансиските пазари се во состојба на ниски, односно нулти каматни стапки и висока нестабилност на цените на акциите. Краткорочно, не се очекува видливо подобрување на состојбите. Тромесечните резултати покажуваат повисоки вредности на приноси од финансиски вложувања за групацијата Триглав, споредено со истиот период минатата година, што е првенствено последица на еднократни настани, евидентирани минатата година. Групацијата, оваа година и натаму ја задржува главната насока на својата досегашна инвестициска политика. Нејзиното портфолио во најголема мера го сочинуваат првокласни државни обврзници, а Групацијата, во рамките на инвестициската политика спроведува одредени прилагодувања на уделите на поедини вложувања во портфолиото.

Финансиска моќ и стабилност. Споредено со крајот на 2016-та година, капиталот на Групацијата се зголеми за 2% на 759,6 милиони евра, додека пак техничките резерви се зголемија за 3% на 2.740,6 милиони евра. Нивото на капитал, во однос на поставените стратешки насоки, на соодветен начин го надминува одреденото ниво на превземени ризици. Деталите за финансиското работење, солвентноста и адекватноста на капитал на Групацијата на крајот од 2016-та година ќе бидат презентирани во новата форма на извештај, која што ја одредува законодавството на секторот за Солвентност II. Извештајот за Групацијата ќе биде објавен во законскиот рок, до 1-ви јули, оваа година.

Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: »Со новата стратегија преминуваме во групација која што развива нови начини на работење, коишто се темел на нашиот одговорен долгорочен развој, а воедно работиме профитабилно и безбедно. Во центарот на сите активности уште повеќе е изразен нашиот фокус на клиентите и нивните потреби. Задоволни сме со работењето во првото тромесечје. Групацијата, во споредба со истиот период минатата година, го зголеми своето портфолио, привлече нови клиенти, го зголеми обемот на осигурување кај постоечките клиенти и оствари добри деловни резултати. Земајќи ги во превид планираните деловни прилики до крајот на годината, цениме дека овогодишната добивка пред оданочување на групацијата Триглав ќе биде остварена во планираниот распон помеѓу 70 и 80 милиони евра.«

Групацијата Триглав на пазарот во Македонија

Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2017-та година го продолжи трендот на сѐ подобри резултати во сите сегменти од работењето. Одличните индикатори на перформансите се одраз на експертизата и балансираното управување со компанијата и со сите нејзини процеси, како и фокусот на клиентите, којшто диктира прилагодување на понудата на потребите на пазарот и наложува супериорен квалитет на услугите коишто компанијата ги обезбедува. Во првиот квартал од оваа година Триглав Осигурување Скопје обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија, споредено со истиот период минатата година, достигнувајќи на тој начин 349 милиони денари (5,7 милиони евра).

Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ, смета дека најважен индикатор за доброто работење во основната осигурителна дејност сепак е комбинираниот коефициент, кој што треба да има вредност под 100% и кој што Триглав во првиот квартал од 2017-та година успеа да го подобри, намалувајќи го за 10,3 процентни поени, споредено со истиот период минатата година, на 92,9%.»Еден од најголемите предизвици секако е задржувањето на квалитетот на работење и на услугите коишто ги обезбедуваме на високо ниво. За тоа се потребни внимателно планирање и унапредување на сите работни процеси, но и мотивирани вработени. Ме радува што тоа континуирано ни успева, што е секако последица на посветеноста на нашиот тим на разултатите и плановите на компанијата, но пред сѐ, на нашиот фокус на клиентите и нивните потреби«, дополни г. Војновиќ.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија