28 Март, 2024
0.1388

Трикови за решавање на три најчести проблеми со кои се соочуваат сопствениците на Ајфон телефони

Објавено во: Стил 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Батерија која брзо се троши, изненадно гасење на телефон и претерано загревање при полнење се најчести проблеми на сопствениците на Ајфон телефони.

Прочитајте на кој начин некои од овие проблеми можете да ги решите и да им го продолжите векот на батеријата.

Проблем број 1- Батеријата кратко трае 

Одете во Settings > Battery > Battery Usage. Овде можете да видите кои апликации трошеле најногу батерија во последните 24 часа, но и претходните седум дена. Кликнете на иконката на часот за повеќе детали. Избришете било која апликација која не ви треба на секојдневно ниво. На апликациите кои ги користите исклучете ја нивната позадинска активност така што ќе го исклучите упдејтингот (Settings > General > Background app refresh) за одредени апликации или се, како сакате.

Ако со тоа апликацијата ја користи и вашата локација, одете во Privacy и проверете Location Services и исклучете го користењето на локација за одредени апликации.

Проблем број 2 - Изненадно исклучување

Иако малкумина знаат зошто ова се случува, постојат неколку начини тоа да се реши. Ажурирање на софтверот, ако е достапен нов упдејт. Направете back-up на целиот телефон, а потоа ресетирајте го на фабрички подесувања. Ако ни тоа не успее, тогаш однесете го телефонот кај овластен сервисер бидејќи е тоа добар знак дека нешто не е во ред.

Проблем број 3 - Се загрева при полнење

Постои можност да употребувате неодговарачки полнач на што компанијата Епл често предупредува , како и дека е од исклучителна важност да биде полначот исклучително оригинал. На сајтот на Епл имате и упатство како да препознаете оригинал, а како фејк полнач што сигурно ќе ви биде од помош. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи