29 Март, 2024
0.0249

Тринаесет годишно момче пронајде цело богатство

Објавено во: Стил 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На островот Риген во Балтичкото Море во Германија, археолози пронашле закопани сребрени монети и накит кои датираат од десетиот век, односно од периодот поврзан со владеењето на данскиот крал Харалд Громсон.

Двајца археолози аматери нашле монета, односно неа ја нашло 13 годишно момче и неговиот учител, со помош на детектор. Откако виделе дека се работи за стара сребрена монета, веднаш ги известиле надлежните институции.

Монетата е пронајдена во јануари во селото Шпроде, а потоа се вклучила и државната археолошка канцеларија, чии стручњаци минатиот викенд успејаа да ги ископаат сите вредни артефакти.

Околу сто сребрени монети датираат од периодот на владеењето на Харалд Громсон, познат како Харалд Синозабиот, кој владеел од 958 до 986 ​​година и го вовел христијанството во Данска.

Неговото кралство се протегало на територијата на денешна Данска, јужна Шведска, делови од Норвешка и северна Германија.