19 Јули, 2025
0.0275

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2025 14:33

Добивај вести на Viber

„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Преку новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој претставува темел на земјоделското производство, работиме на воспоставување на правила на игра. Во законот има неколку поглавја, од кои едно е регулацијата на пазарот, откупот на земјоделските производи, субвенционирањето и слично. Токму тука е делот што ги дефинира насоките по кои ќе се движиме”, појасни министерот.

Тој додаде дека Министерството работи на внесување на млада сила во земјоделскиот сектор.

„Ние во изминатиот период објавивме низа јавни повици каде што финансиски ги кофинансираме младите до 40 години. Еден од јавните повици беше т.н. мерка за млад земјоделец, каде што се даваат грантови до 10.000 евра. Дополнително, имаше два јавни повици за распределба на земјоделско земјиште каде што приоритет имаа младите луѓе”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека се во тек јавните повици за модернизација на земјоделството, набавка на трактори и приклучна механизација. Министерството распиша и јавен повик за продажба од куќен праг. Тоа се низа на мерки каде што приоритет при аплицирање имаат младите луѓе.

„Во Законот за земјоделство и рурален развој предлагаме младите брачни парови кои ќе одлучат да се вратат на село со одреден бизнис план да ги помогнеме”, додаде тој во интервјуто.

Министерот посочи дека од идната година, кога ќе стапи на сила Законот за земјоделство и рурален развој, ќе има голем одзив кај мерката за враќање на младите на село.


Можеби ќе ве интересира

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

НА 75 ГОДИНИ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР ЗАРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ: На место каде било дозволено 50, возел со 126 километри на час

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ ЗА ПРИСТАП ДО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО - нова кампања за јакнење на земјоделството

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија

Геодети ќе ги селат казината, обложувалниците и автомат клубовите подалеку од училиштата во Македонија