19 Март, 2024
0.2283

ТРИПУНОВСКИ ТВРДИ ДЕКА СНИМKАТА Е ЈАВЕН ИНТЕРЕС: Вели дека има хистерија на Бихаќка

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во реакцијата на  заменик министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски која ја објави на својот Фејсбук профил наведува дека не е прекршен Законот за заштита на лични податоци и не е бил вршен мобинг, откако влезе во просториите на МЗШВ Берово и ги снимаше вработените. 

Тој вели  дека објавувањето на снимката го смета за јавен интерес.

„Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории. Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше. Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа. Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден“, пишува Трипуновски. 

Реакција стигна и од СДСМ од каде велат дека Трипуновски покажува класично режимско однесување. 

Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност, реагира министерот Дамјан Манчевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дополнителниот заменик министер само ја контролирал работата на вработените.

„Она што можат и што не можат да прават е пропишано со закон. Доколку било кој во оваа постапува согласно закон и согласно своите надлежности во овој случај од функцијата заменик министер да ја контролира во конкретниот случај вчера неработењето на тие вработени таму и дали е тоа излегување надвор од неговите обврски треба некој друг да каже а не ние политичарите. Доколку некој се почувствувал загрозен, доколку на било кој начин му било наштетени има надлежни институции кои што треба да ја работат својата работа“, рече Игор Јанушев.

За ненајавеното снимање веќе има најава за тужба. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи