25 Април, 2024
0.0293

Тркалезна маса „Анализа на потребите за градење на капацитети на претприемачите“

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На 4 Мај  во Стопанската Комора на Македонија во Скопје, Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади организираше тркалезна маса со цел да ги идентификува потребите за градење на капацитети на младите претприемачи во рамките на проектот BalkanMed INNOVA – „Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации“.

Повеќе од 50 мали и средни претпријатија од секторите: туризам и културно наследство, агробизнис, информатички комуникациски технологии и енергија и животна средина,  учествуваа во анализата спроведена во текот на претходните месеци и обезбедија информации за потребите за градење на капацитети.   

Наодите од анализата беа презентирани на тркалезна маcа пред мултисекторски панел на учесници, вклучувајќи претставници од институции, организации за поддршка на бизниси, сопственици на бизниси и студенти.

Работилницата, организирана како тркалезна маса, им обезбеди можност на учесниците да се вклучат во дискусијата, да ги искажат своите ставови и мислења во однос на наодите презентирани во анализата.



Повратните информации се од голема важност, бидејќи претстојните активности на проектот ќе се фокусираат на воспоставување на веб-школа со транснационални е-курсеви за претприемништво.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку транснационалната програма “Балкан-Медитеран 2014-2020” и повеќе информации за истиот можете да прочитате на следниот линк - http://www.balkanmed-innova.eu/


Проектот е имплементиран од Фондација Претприемачки Сервис за Млади (Македонија), Центар за стручно образование Лезбос (Грција), Технолошки Универзитет Кипар, Рурална асоцијација за поддршка (Албанија), Иновациски центар на Бугарската Академија на науките (Бугарија) и Технолошко образовниот институт од Епирус (Грција). 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка