Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на Владата, вели Николоски
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021
Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на Владата, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто на телевизија Сител.
„Не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме“, рече тој.
Зборувајќи за пописот, Николоски рече дека очекуваат претседателот Стево Пендаровски да не го потпише законот, ако тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда да се соберат потписи за поништување.