ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Испукани 10 куршуми во најпознатиот мол во Љубљана
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2021
Три лица биле повредени во пукање кое денес се случило во трговскиот центар БТЦ во Љубљана. Пукањето се случило нешто пред 14 часот, а според неофицијални информации испукани се околу 10 куршуми.
Повредените се итно пренесени во болница, а полицијата го блокирала целото подрачје.
Очевидците велат дека посетителите во трговскиот центар почнале да бегаат кога одекнале истрелите. Од полицијата, како што пренесува порталот "24ur.com", е потврдено дека три лица се ранети, но според првите информации не се во животна опасност.
Според непотврдените информации, две машки лица се застрелани, додека едно лице се здобило со повреди на главата, нанесени со тап предмет.
Повредените биле итно пренесени во болница, а полицијата го блокирала целото подрачје.
На самото место има повеќе патроли на полицијата и неколку возила на Итната помош.
"Видов само еден човек, мислам дека беше застрелан во препоната. Се обиде да стане и само падна. Пожарникарот кој беше во близина му помогна да легне на подот", рекол еден од очевидците.
Засега не е познато кој пукал, а од полицијата соопштиле дека интервенцијата се уште трае.