Тројца сомнителни денеска, за уште еден се чекаат резултатите
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020
Нови три сомнителени случаи биле тестирани денеска на Инфективната клиника. Од овие двајца пациенти се негативни на корона вирусот, а за третиот се чекаат резултатите, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за луѓе кои се вратиле од Италија, а на клиниката дошле сами. Жената која синоќа ја тестираа е негативна на корона вирус.
Министерот рече дека денеска доаѓа и нов авион за кој ќе се превземаат сите мерки. На сузвоземните граници немало сомнителни случаи. Во текот на утрово имало координативен состанок со Комисија за заразни болести.
Во лседниот период во брза постапка ќе се набавуваат дезифекциони средства за училиштата. Министерот повтори граѓаните да се воздржат од патување во Италија, освен ако нема потреба. Откажани сите екскурзии и студиски престои.