28 Март, 2024
0.0268

Трошења на министерствата: Расходите за плати, стоки и услуги „пуштени на најјако“

Објавено во: Економија 05 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Капиталните инвестиции им се слаба страна, но на што најмногу ги трошат своите буџети, министерствата и државните институции. До мај, до кога има официјална статистика за приходите и за расходите по буџетски корисници, фантастични 95 отсто од сите расходи им се за тековни трошења. Според податоците од Министерството за финансии заклучно со мај вкупните расходи на буџетот изнесуваат безмалку 85 милијарди денари, што е за речиси седум отсто повеќе од лани.

„Во структурата на реализираните вкупни расходи, тековните расходи во износ од 82 милијарди денари учествуваа со 95,8 отсто и се зголемени за 6,9 проценти во однос на 2018 година. Платите и надоместоците се реализирани во износ од 11,3 милијарди денари што претставува зголемување за 3,9 отсто во однос на претходната година, велат од Министерството за финансии.

Расходите за стоки и услуги изнесуваа 6,9 милјарди денари и споредено со 2018 година забележаа зголемување од 15,6 отсто.  Ако се анализира по буџетски корисници односно по министерства, речиси кај сите освен кај МИнистерството за транспорт и врски, тековните трансфери или тие за плати и за стоки и услуги се драстично поголеми од релизираните капиталниинвестиции.

Така во  периодот од јануари до мај Министерството за внатрешни работи потрошило 4.7милијарди денари, а најзначајна расходна ставка претставуваат платите и надоместоци за што е потршено дури 68 отсто или речиси 3, 2 милијарди денари. Втора најзначајна ставка се стоки и услуги со учество од 21 отсто.

Министерството за одбрана во првите пет месеци од 2019 година има вкупни расходи од 2,6 милијарди денари, а платите и надоместоците имаат најголемо учество со 60 проценти. Стоките и услугите учествуваат со 24,7 проценти во вкупните расходи, за што во анализираниот период се потрошени 651 милион денари.

Но, Министерството за транспорт и врски во тој период реализирало средства во износ од 1,2 милијарди денари, а реализацијата на капиталните расходи изнесува 12,2 од предвиденото (766 милиони денари), а учествуваат со 64,5 проценти во вкупните расходи на овој буџетски корисник.

Премиерот Зоран заев кој јаврши и функцијата министер за финансии најави ребаланс на буџетот за после септември.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон