20 Април, 2024
0.0271

ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ - што му порача портпаролот на СДСМ на членството

Објавено во: Македонија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, повикува на трпение.

„Трпение, спасение!“, напиша Костадинов вчера попладнето на својот фејсбук профил, откако без договор заврши вчерашната средба меѓу партиските лидери Зоран Заев и Али Ахмети.

Разговорите продолжуваат, изјави вчера попладнето Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Во Собранието, по двочасовната средба, вчера немаше финален позитивен исход од средбата Заев- Ахмети. Тие не успеаја да се договорат за новото парламентарно мнозинство и за тоа како ќе изгледа владата.

По завршувањето на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјавти дека до петок, кога истекува рокот за доделување на мандатот ќе го добие мандатот и ќе формира мнозинство.

Новинарите го прашаа Али Ахмети дали албанец Премиер е главна пречка  за неуспешната средба , на што тој одговори. „Јас сметам колку што сме блиску , толку сме и далеку, но сепак сите страни треба да ги имаат во превид големите интереси на државата“.

Ахмети вчера упати покана за заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок в четврток по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор, Заев во изјава за ТВ 21 тоа го оцени како притисок врз него, СДСМ и коалицијата „Можеме“, но наведе дека е прерано да даде каков било одговор на тоа дали таа средба може да влијае врз формирањето на новото парламентарно мнозинство.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече и дека нови избори нема да ги решат работите, туку потребно е да се формира влада.

„Ќе ги повториме резултатите. Влада треба да се формира. Треба да се формира влада секако таму каде што ќе се најдат решенијата за формирање на влада. Нашиот став, а и ставот на другите партии со коишто разговараме е дека сега нема причина да се размислува за предвремени избори. НАТО е завршена работа, одлука за преговорите имаме, меѓувладина конференција се закажува за почеток на отворање поглавја, ќе треба да работиме, а и да оставиме предвидливост и за економијата, за граѓаните и за сите“, рече Заев.

Се досега, Костадинов се воздржуваше од политички коментари на фејсбук, освен оној во кој му возврати на Димитар Апасиев за пцуењето кон Радмила Шекеринска. 

Овој негов пост се сфаќа како смирување на партиското членство и симпатизерите, како и давање надеж дека преговорите сепак ќе бидат успешни и ќе резултираат договор за влада, за што крајниот рок е петок оваа недела, кога треба да биде доделен мандатот за состав на новата влада. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите