20 Април, 2024
0.0342

Трпески: Финансиските друштва полека стануваат „играч“ на финансискиот пазар

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните веќе имаат зголемен интерес за услугите на финансиските друштва кои на пазарот го пополнуваат просторот за кредитирање кои не го опфаќаат банките. Тие се значаен извор на пари за оние кои имаат дополнителна неодложна потреба и помал износ. Тренд на раст на учеството на финансиските друштва на пазарот очекува поранешниот гувернер и професор Љубе Трпески. Вели дека европскиот, а и македонскиот финансиски ситем е банкоцентричен, но во прекуокеанските земји е изедначена бројката на банкарските и небанкарските институции. Дециден е дека има простор за брз развој на финансиските друштва кај нас. На пазарот во Македонија се појавија во 2010 година кога тоа беше и овозможено законски. Познати се како друштва за брзи кредити.

„Најчесто се формирани со домашен но има и со странски капитал. Оние со странски брзо и ефикасно работат, но воведуваат и нова технологија и го зголемуваат интересот кај корисниците на кредити. Своето место на пазарот го наоѓаат на она поле каде нема интерес од банките, кога се потребни мали износи на кредити, да се избегнат условите на банките, да излезат во пресрет на оние на кои им треба веднаш кредит, вели Трпески.

Тој вели дека постои поголем ризик од позајмувањето од банка, но дека финансиските друштва располагаат со сопствен капитал со кој се амортизира постоечкиот ризик, па така не постои реална опасност. Вели дека и последиците од евентуален банкрот на едно финансиско друштво се многу помали од банкротство на банка.

„Постои кодекс на однесување и законска регулатива за работата на финансиските друштва но некои од финансиските друштва не го почитуваат ова, па имаат недоречени услови, договори со калузули кои подоцна многу ги ‘чинат’ граѓаните и тие се чувствуваат измамени. Тие се нелојална конкуренција на оние кои работат според регулатива. Затоа Министерството за финансии треба да врши построга контола. Од ММФ има предлог да постои засебно и независно регулативно тело и за комерцијалните банки и за небанкарските институции. Овој регулатор не би зависел ниту од Владата ниту од Парламентот, вели Трпески за  21 минута.

Вли дека работата на овие друштва ќе има позитивен ефект за економијата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин