20 Април, 2024
0.0295

Трпески: СДСМ се неспособни да го довршат автопатот Кичево-Охрид од банални причини

Објавено во: Македонија 13 Август, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи критиките кон власта на СДСМ за состојбата со автопатите кои се градат во Македонија, а сега го истакна важниот проект за автопатот Кичево-Охрид.

- Автопатската делница Кичево – Охрид, која е дел од автопатското решение на Коридорот 8, е проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, неговата реализација чини 374 милиони евра, а истиот е со вкупна должина од 57 километри. Работите на патот се повеќе од 45% завршени, а според планираниот тек на работите истиот требаше да биде завршен на почетокот на 2019-та година, вели Славе Трпески членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трпески посочува дека реализацијата на овој автопат е од витално значење за Републиката, и изградбата на истиот не смее да запре.

- Изградбата на автопатот влијае на севкупната економија посебно во западниот дел од Македонија. Истиот значи комплетирање на автопатското решение на Коридорот 8 и ќе значи поголем број на инвестиции во овој дел на државата и поголема достапност на Охрид за туристите. Неизградбата на автопатот ги доведува во прашање и веќе започнатите странски инвестиции во ТИРЗ зоната Охрид и доведува во неизвесност илјадници граѓани, кои може да останат без работа, вели Трпески.

Тој истакнува дека Сугарески се обидува со помош на банални изговори целосно да ја замрзне изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

- Неспособниот министер Сугарески, се вади на проблеми со експропријацијата на земјиштето, што е целосно неточно и претставува банален изговор за да не продолжи изградбата на автопатот. Имено Сугарески треба да знае, а ако не знае ние ќе му кажеме, во законот за експропријација има вградени механизми преговорите за висината на надоместокот да се одвиваат додека трае градбата. Вториот банален изговор дека била потребна дислокација на инфраструктурните објекти, исто така не е причина за прекин на целата градба, и претставува само блед обид да се прикрие сопствената неспособност и незнаење да се менаџира со голем инфраструктурен проект, нагласува Трпески.

Тој додава дека владата на СДС треба да знае дека автопатот не се гради во рамница како Пелагонија туку во најридестиот дел од Македонија дека во текот на работата имало има и понатаму ќе има проблеми во теренските работи, но наместо да се плаче треба да се засукаат ракави и да се решаваат отворените прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите