„ТТК Банка“ собра 1,5 милиони евра со 3,5 отсто камата
Објавено во: Економија 17 Септември, 2019
Инвеститорите направија „јагма“ на првата јавна понуда на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка. Расподадена е целата количина односно сите 1.500 обврзници. ТТК Банка акумулира нови 1,5 милиони евра кои потоа ќе ги пласира согласно со својот бизнис план. Инвеститорите за десет работни дена ја искупуваа целата количина на понудени обврзници.