Tурци сакаат да инвестираат во Македонија
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2019
Турци се заинтересирани да инвестираат во Македонија.
Бизнисмени од Нусајбин, в среда доаѓаат во Скопје. Тие ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО).
Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми. На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.
„Земјава ќе ја посетат компании од повеќе области: градежништво, прехранбена индустрија, трговија, текстил, мебел, земјоделство,… Тие се заинтересирани за соработка и воспоставување партнерства со наши, македонски фирми. Денешната економија на Нусајбин е поврзана со стопанските активности и трговијата во Сирија. Но, Нусајбин е исто така и трговски и административен центар за локалното земјоделство“ – велат од МАТТО.
Месецов, МАТТО најавува уште една делегација, од Амасија, црноморски регион. Во делегацијата ќе доминираат компании од прехранбената индустрија.