Турција распоредува војска во Катар - која им е целта?
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2017
Шефот на дипломатијата на Турција, Мевлут Чавушоглу рече дека Турција решила да стационира трупи во база во Катар.
Тој додава дека ова се прави за одржување на безбедноста откако сојузниците ги прекинаа сите врски со таа држава.
Чавушоглу на состанокот со бахреинскиот колега шеикот Калид бин Ахмед ел Калиф изјави дека целта е безбедност во Заливот, а воедно додавајќи дека цел не е ниедна земја поединечно. Двајцата посакуваат крај на кризата пред крајот на Рамазан, околу 25 јуни.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе го поддржи Катар и ќе одржи добри односи со другите земји од Заливот. Тој сепак директно не ја критикуваше Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во понеделникот ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи ја земјата дека помага терористи.