ТУРЦИТЕ ГЛАСААТ: Ќе добие ли Ердоган уште еден мандат?
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2018
Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори.
Право на глас имаат 56 милиони гласачи, кои ќе гласаат на 180 000 избирачки места. Изборите се одржуваат за време на вонредна состојба во земјата, прогласена по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.
За претседателските избори се кандидираа шестмина, што е најголем број кандидати од 2002 година наваму. Фаворит за претседател е актуелниот Реџеп Таип Ердоган, кој скоро 16 години победува на сите избори. Се очекува Ердоган да добие меѓу 45 и 55 проценти од гласовите .
Меѓу кандидатите е и една жена, Мерал Аксенер која се залага за враќање на секуларноста на државата. На Ердоган ривали му се и Догу Паринчек, Мухарем Инче, Селаетин Демирташ и Темел Карамолаоглу.
Редовните избори требаше да се одржат во ноември следната година, но Ердоган донесе одлука претседателските да се поместат заедно со парламентарните избори.
Eвропа будно ги следи изборите, а по обидот за државен удар, турската економија се соочува со проблеми.