Турците ќе ја освојуваат вселената - но како?
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2018
Турците имаат план како ќе ја освојуваат вселената.
Турција планира да почне сопствена програма за обука на астронаути.
Taa ќе стартува веднаш откако земјата ќе ја комплетира изградбата на националната вселенска агенција во 2023 година, изјави извор од турската Влада.
Тој вели дека создавањето на вселенската агенција е „еден од важните приоритети на Владата“ во Анкара.
Анкара планира да потроши шест милијарди долари за овој проект, за кој законодавната основа беше подготвена во есента 2016 година.
Турските власти истакнуваат дека ова е еден од најголемите и најамбициозните проекти во модерна Турција.