ТУРИСТИ НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ: Оваа грешка ќе ви го „олесни“ џебот за 500 евра
Објавено во: Свет 21 Септември, 2018
Нова забрана се воведува во италијанскиот град Венеција и тоа се однесува за туристите.
Нивниот градоначалник, Луиџи Бруњаро, предложи да им се забрани на луѓето да седат на земја во одредени делови на градот.
Ова е во рамки на тековната кампања за контрола на однесувањето на туристите.
Тој ќе го предложи предлогот за гласање во градскиот совет овој октомври. Потоа туристите кои ги прекршуваат правилата ќе се соочат со парична казна од 50 до 500 евра.
Во Венеција туристите веќе може да добијат казни за фрлањето отпад, талкање и разголеност. Властите на овој град во мај годинава им забранија на рестораните да нудат „храна за носење“ во следните три години, како и да се отвораат нови ресторани од овој тип. Тие ја вовеле мерката, за да се намали количината на отпад во градот.
Инаку, Венеција е еден од познатите градови каде луѓето реагираат поради големиот број туристи. Нив им пречи масовниот туризам. Истото се случува и во Барселона.