25 Април, 2024
0.0320

ТУРИСТИ СЕ ПОВЕЌЕ: Само во август над 21.000 турски гости уживале во Македонија

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во земјата има раст на бројот на туристи, може да се забележи од податоците објавени од Државниот завод за статистика. 

Бројот на туристите во август 2017 година изнесува  188 758, а бројот на ноќевањата е 766 844.  

Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20.4%, а бројот на  ноќевањата скокнал за 10.4%. 

Бројот на домашните туристи во август  во однос на август 2016 година, е зголемен за 3.4%, а  бројот на странските туристи пораснал за 46.5%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на лани е зголемен 
за 1.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41.9%. 

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите  е зголемен за 15.8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување  за 22.7%. 

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата  е зголемен за 11.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4%, а кај странските има зголемување  за 22.6%.

Со месеци има голем број на турски гости во Македонија. Турски туристи во август имало 21.093, српски 7542, полски 5926, имало над 3000 Германци, Грци и Бугари. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг