ТУРИСТИЧКИ РАЈ ЗА РУСИТЕ: Го имаат и највисокиот хотел на светот

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2018
Расте бројот на Руси кои патуваат во Дубаи.
Бројот на руски туристи кои лани ја посетиле Дубаи достигнал рекордни 530.000.
Тоа е за 121 процент повеќе од бројот на руски туристи кои Дубаи го посетиле во 2016 година, соопшти Одделението за туризам и комерцијален маркетинг на Дубаи – „Дубаи туризам“.
Во овој месец се објавени резултатите за туристичата година во Дубаи. Во 2017 година забележано е стабилно зголемување на приливот на туристи од целиот свет за 6,2 проценти во споредба со претходната година.
Дубаи, земјата која постојано брка светски рекорди во градби, сега го има и највисокиот хотел во светот.
Со 356 метри, на 75 ката, хотелот „Гевора“ стана највисок на Земјата, а официјално е отворен за гости од 12 февруари.
Хотелот „Гевора“ се наоѓа на големата авенија на Шеикот Зајед, во близина на Меѓународниот финансиски центар на Дубаи, и е за само еден метар повисок од досега највисокиот хотел, кој се наоѓа на истата улица. Претходниот рекордер е хотелот со висина од 355 метри, од синџирот хотели „Мериот“.
Можеби ќе ве интересира
Симптоми кои може да ги препознаете за вишок на шеќер во крвта

Интервју со спец. д-р Тина Темелковска: Стигмата како непотребна бариера за заштита на менталното здравје

Во Градски парк се одбележува Европска недела на имунизација

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот
