Туристите се изјаснија што најмногу им пречи во Будва и Котор
Објавено во: Балкан 07 Септември, 2019
Во Црна Гора посетителите летово најмногу се жалеле на бучавата, вознемирувањето за време на нивниот престој на плажа и нелегалната работа.
Ова денеска го соопшти црногорската Национална туристичка организација (НТО).
Од почетокот на јуни, кол центарот на таа организација примил 28 поплаки од туристи и граѓани, пренесува РТЦГ.
„Поплаките се однесуваа на бучава, попречување на престојот на плажа и узурпација на плажите, работа на црно, нељубезен персонал, непочитување на регулативата, плажи без ценовници, спасувачи и кабини за преслекување и нарушување на јавниот ред и мир“, велат оттаму.
Најмногу претставки, 11 од нив, биле од Будва и десет од Котор.
фото Википедија
Читајте уште