Добивај вести на Viber
Туризмот во Египет доживеа сериозен удар по немирите во оваа земја, особено по полициската акција минатата недела против поддржувачите на соборениот претседател Мохамед Мурсија.
Директорот на компанијата која управува со египетските аеродроми, Гад Ел Карим Наср изјавил дека од неделата до вторникот бројот на пристигнатите туристи се намалил за повеќе од 40 отсто во споредба со истиот период минатата недела.
За истиот период пак околу 13 илјади туристи, главно од Германија и Италија, ги напуштиле одморалиштата на Црвеното Море, Шарм ел Шеик и Хургада, а само 3 илјади пристигнале.
По неодамнешните телевизиски снимки од крвавите немири во Египет, многу европски туристички агенции ги откажаа сите закажани резервации до крајот на октомври.