24 Април, 2024
0.0257

Турска компанија ќе ја гасифицира Македонија за 300 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, беше обелоденето синоќа по завршувањето на првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор 

Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина. 

Во втората фаза од изборот до овие компании ќе се достави покана за учество во тендерската постапка до конечен избор на операторот со кој ќе се воспостави јавно приватно партнерство. Ова се единствените две фирми чии пријави за учество пристигнале до Министерството за економија по јавниот повик што претходно беше објавен за инвестиција од 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. 

Компаниите ја минаа фазата на евалуација на пријави за учество, односно евалуација на нивната економско- финансиска способност, како и техничка способност во согласност со критериумите кои беа наведени во тендерската документација. 

Владата во декември 2019 година донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор на приватен партнер кој ќе го изгради и потоа ќе наплаќа од дистрибутивниот систем на природен гас во земјата, додека паралелно државниот НЕР ги гради магистралните гасоводи и интерконективните приклучоци. 

Според критериумите, компаниите треба да имаат најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години. Инвеститорот за четири години треба да изгради најмалку 50 отсто од мрежата во градските општини и најмалку 20 отсто во руралните општини. 

Договорот ќе го добие оној кој ќе понуди најмала висината на надоместок за приклучок кај крајните корисници, а критериум ќе биде и висина на надоместок за концесија и времетраењето на изградбата. Според владината одлука, приватниот партнер ќе плаќа за договорот доделен од државата така што ќе издвојува однапред предвиден процент од годишниот приход.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска